Во оние верзии на настанот кои циркулираат во моментовг, нешто не штима. Била ангажирани сурија од речиси 200 полицајци, инспектори и луѓе од обвинителства а се тврди дека цел на операција се само двајца вработени на банката?!
Во ситуацијата не е збунета само берзата која промптно реагираше со пад на вредноста на акциите на Дојче банк. Четири проценти надолу за само еден час.
Се наведува дека цел на упадот се двајца неименувани вработени лица во банката, на возраст од 50 и 46 години, осомничени дека имаат врска со перење пари. Корените на сомнежите лежат во протечените документи од Панама во 2016 година иако после скандалот Дојче банк веднаш ги прекина врските со осомничените офф-шор компании. Подоцнежните истраги покажаа дека структури во банката им помагале на клиенти да отвораат сомнителни офф-шор сметки во оние земји кои се сметаат за даночен рај.
Само во 2016, преку 900 нивни клиенти со бизнис волумен од 311 милиони евра биле менаџирани од партнерска банка на Дојче банк на Девствените острови.
