Највисокиот американски генерал бара стратегија за излез од војната со Иран откако заклучил дека воздушните напади сами по себе не се успешни, а понатамошна ескалација би водела кон уште потешки последици.
Ден Кејн, шефот на Здружениот Генералштаб на воените сили, ги предупредил потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио и директорот на ЦИА, Џон Ретклиф за ограничувањата на воените активности на САД во Иран, според извори на ЦНН.
„Мислам дека тоа е само неговиот начин да ја заштити војската“, изјавил еден од изворите.
Еден од клучните проблеми за продолжување на воздушните напади потрошената залиха од муниција. Ројтерс неодамна објави дека американските сили ги потрошиле „речиси сите“ свои наведувани ракети од типовите ATACMS и PrSM во војната со Иран, како и половина од арсеналот на крстосувачки проектили Томахавк.
Единствената алтернатива на воздушните операции е крајно ризична: масовно распоредување копнени трупи на иранска територија околу Ормускиот проток. Според изворите на ЦНН, Пентагон разгледува и таква опција, но никој не ја поддржува, бидејќи при копнена инвазија и окупација би биле загрозени животите на илјадници американски војници.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.