Кога се заразени од штетни патогени, мравките знаат да земат „слободен ден'' за да се спречи ширењето на болеста низ колонијата, утврдиле австриски и швајцарски научници користејќи инфрацрвени камери со кои го следеле однесувањето на градинарски мравки во 22 колонии. 10 проценти од мравките биле заразени со еден вид габи од кои тие знаат да заболат.
Оние мравки кои биле изложени на патогенот, веднаш го смениле однесувањето, драстично намалувајќи ги интеракциите со другите мравки. Доаѓањето на болеста го менува однесувањето и на другите мравки: друштвата стануваат посилни бидејќи во такви случаи мравките повеќе се дружат со своите.
Со други зборови, болеста го менува однесувањето за да се заштити колонијата, особено нејзините драгоцени членови како што е кралицата или мравките задолжени за одгледување на младите.
Се претпоставува дека мали дози на патогенот помагаат колонијата да развие имунитет, по механизам сличен на вакцинацијата кај луѓето. Поголема доза од овој патоген, ја убива мравката за девет дена.
Нема детали што прават заболените мравки тие денови но очигледно е дека самите се изолираат од другите, слично на земањето ден отсуство од работа за човек да закрепне а и да не ги поболи своите колеги.
*****
Види и: