Психо-терапевт за опасностите од транс-идеологијата:

„Експериментираме со децата“

Без да навлегуваме која од нив е јајцето а која кокошката, две работи, факат, одат рака под рака. Едната е дека темата за транс-луѓето станува сè поприсутна во јавноста, другата дека во последно време, бројот на оние кои се чувствуват заробени во погрешно тело драстично се зголемува. Изминатите 9 години, во Британија, бројот на вакви случаи пораснал за фрапантни 2.500 проценти.

Фрејзер Мајерс (Спајкд): Што ве поттикна да се вклучите во оваа дебата?

Боб Витерс: Пред 25 години за првпат имав транс клиент. Крис имаше живеено како жена веќе 9 години но реши да се врати односно да де-транзитира. Но, во таа фаза веќе го имаше изгубено пенисот. Гледајќи наназад, чувствуваше дека се идентификувал како жена од психолошки причини. Но, навлегол во транс заедницата и се задоил со идејата дека мора да прави операција за промена на полот. За да добиете хормонска терапија и да отидете на операција неопходно е претходно да минете низ советување, но, неговите пријатели во транс- заедницата му кажувале што да кажува на советувањата. 

Повеќето луѓе, вклучувајќи деца, денес онлајн добиваат инструкции од транс-активисти. Тие им кажуваат што да им одговараат на терапевтите за да си ги зголемат шансите да добијат дозвола за операција. Повеќето од нив и пред евалуацијата цврсто веруваат во идејата дека само операција  е решение за нивните проблеми.

Ама години подоцна, ако се сфати дека транзитирањето не ги поправило сите работи, не можеш да се вратиш назад бидејќи трајно го имаш променето своето тело. И затоа тоа ми стана мисија, да пробам да им помогнам на луѓе како Крис пред да заминат на операција, да работам со нив психолошки на вистинските проблеми од кои страдаат. 

На пример, кога Крис се разбудил од операција, кажал: „Се чувствувам како да ми го отсекле сиот гнев“, мислејќи на својот пенис. Тој машкоста ја имал идентификувано со тоа да се биде агресивен, одвратен и неиздржлив. За него операцијата била начин да се ослободи од неподносливиот гнев во себе кој ѝ го припишувал на својата машкост. На крајот, се чувствуваше измамен бидејќи му било дадено хируршко решение за психолошки проблем. 

Години подоцна, имав друг случај, Џон, кој дојде кај мене за да му ја одобрам транзицијата. Мислеше дека сум трансфобичен само затоа што посакав да зборуваме за неговите психолошки состојби. Му ја раскажав приказната за човек кој се покајал заради операцијата и на Џон му падна вилицата. Пола саат откако заврши сесијата, се врати во ординација тотално психотичен.Тврдеше дека надвор има луѓе кои сакаат да го нападнат. Јасно е дека тој во главата имал идентитет до кој се стигнува само со операција. За момент, јас предизвикав сомнеж во тој идентите и тој доживеа катаастрофален психолошки колапс во чувството кој е тој. Одеднаш стана свесен дека транзитирањето можеби и нема да му ги реши проблемите.

Мајерс: Како изгледаат овие контроверзи околу транс-прашањата во клиничко опкружување?

Витерс: Клинички мора да се справуваме со болни емотивни искуства. Џон беше малтретиран, мајка му го имаше напуштено семејството за да живее со друга жена, татко му бил екстремно религиозен човек со кого имале тешки кавги.

Но, ако се обидете да ги отворите овие теми, веднаш сте обвинет за трансфобија. Некој како Џон ќе каже: „Јас навистина сум жена заробена во машко тело.“ Но, не постојат научни докази за постоење биолошка основа на транс-џендеризмот. Ниту пак постои нешто што е машко тело со женски мозок. Ама, само ако им го спомнеш тоа, веднаш те сметаат за трансфобичен.

За мене како психотерапевт, ако можеме да кажеме дека нечие тело е на една страна ама тој се идентификува со спротивниот пол, тогаш нема никаков проблем. Нека се идентификуваат како жени во машки тела и нека живеат така. Но ако тоа им предизвикува вистинско страдање, мора да се направи нешто околу тоа.  

Имате два начина, Еден е да си го смените телото. Тоа е денес модерна опција бидејќи е брза и краткорочно лесна. Пациентите често на почетокот се чувствуваат подобро но многумина подоцна се каат.

Другиот начин е да се поработи со умот, да се запраша што предизвикало пациентот да се идентификува како транс. Но, денес транс-активистите пробуваат да освојат контрола врз нашата професија, без никакво клиничко искуство или разбирање што тоа ние работиме.

На крајот на еден терапевтски процес, пациент може да дојде до сознание дека се идентификува како жена затоа што татко му го има толку катастрофално разочарано, што почнал да има аверзија кон било што машко во себе. Ако со помош на терапијата успее да мине низ тоа и да се помири со себе и својата машкост, вредело да се разговара.

*****

Види и:

Да смениш пол не е исто како да смениш патец

Сексуалните манијаци си најдоа шведска маса

3 декември 2018 - 11:17