Вести

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Речник

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Ботови ја диктираат изборната кампања во Израел

Гласачите во Израел се бомбардирани со лажни снимки, монтирани од ВИ, кои изгледаат реално. Ботови наведуваат онлајн дискусии кон специфични агенди и гласаат по анкети. Други прибираат секакви информации за гласачите и им сервираат пропаганден материјал типичен за нивните интереси. Сите партии го прават ова и никоја служба нема интерес да ги спречи.

Турција ја жртвува својата плодна житница за нафтен центар

Во време кога војните ги попречуваат традиционалните извозни рути, Анкара го жртвува последното преостанато јадро на плодниот појас на југот на земјата. Плодната житница Чукурова отстапува место на огромна инфраструктура со петрохемиски комбинати околу стратегиското пристаниште Џејхан, каде што се спојуваат два големи нафтоводи.

Турција: Им наместивме како што нарачаа

Аранжманот на седење беше во согласност со барањата на Унијата, е одговорот на турското министерство за надворешни работи за скандалот со седнувањето на Фон дер Лejен на страна „додека мажите разговараа“.

Сојузништва без граници

Поранешниот американски олимписки шампион, а по ново еден од најпрепознатливите ликови на трансродовото движење, Кејтлин Џенер, како советник го ангажираше поранешниот главен менаџер на претседателската кампања на Трамп, Бред Парскале.

Двапати си е двапати

Тазе студија од почетокот на април вели дека за билдање на силен имунолошки одговор битно е двапати да се дојде во контакт со непријателот - вака или онака.

Фон дер Лejeн доби кауч кај Ердоган

Единствената жена лидер која присуствуваше на состанокот меѓу ЕУ и Турција, на кој меѓу другото требаше да се разговара за правата на жените, заврши без столче меѓу лидерите.

По шест месеци Чешка смени трет министер за здравство

Заради еден од најлошите биланси во справувањето со ковид-19 на барање на премиерот на Чешка беше сменет тамошниот министер за здравство, кого го назначи во октомври минатата година.

Кафка живее во алгоритмите

Американска непрофитна организација која влегува во незгодни теми како што е ГМО и потеклото на коронавирусот, осети како одеднаш може да се стане невидлив, односно закопан во длабочините на интернетот. Класична кафкијанска ситуација, само што денес зад неа не стои државната бирократија туку алгоритмите.

Ковидот удира на мозок

Кај секој трет преживеан од тежок ковид е дијагностицирано психијатриско или невролошко заболување во рок од шест месеци по заразувањето.

Година дена од маските

Денеска е шести април 2021 година, точно една година откако Светската здравствена организација објави битно глобално упатство во врска со маските - дека не треба да носат здрави луѓе. Чисто да го одбележиме јубилејот на оваа сулуда година во која авторитети и инстанци на кои рационално им верувавме ни направија толку слаломи, што денес, искрено, и на најглупите антиваксери не можеш да им замераш.

САД стигнаа до 3 милиони вакцинации на ден

Првата јавно објавена цел на Бајден околу ковид-19 беше САД да стигнат до 1 милион вакцинирања на ден. Сега се стигнати до 3 милиони. Следната цел им е 4 милиони.

Фајзер ги секна вакцините за Израел, заради фактура

Пратка од 700.000 Фајзер вакцини која во неделата требаше да стигне во Израел е одложена на неодредено време. Во случајов неодредено време е колку и да му е потребно на Израел да плати фактура.

Путин на своето

Рускиот претседател го потпиша законот за „ресетирање“ мандати кој ќе му дозволи уште два пати да се кандидира за претседател на Русија, со што потенцијално би бил на власт до 2036.

САД сакаат да воведат минимален данок на ниво на планета Земја

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, предлага воведување на глобален минимален корпоративен данок како САД би можеле да наплатат некоја пара од своите корпорации за финансирање на претстојните огромни расходи.

Сложни министри тајно вечераат

Париското јавно обвинителство започна истрага околу сведоштвата објавени од медиумите на луѓе кои тврдат „дека јаделе во два или три тајни ресторани со одреден број на министри“.

Шпанија ќе проба дали може уште помалку да работи

Како нација позната по својата неподнослива пракса на пладневна сиеста, Шпанците размислуваат за следно ниво на душевадништво на својот работен народ - работна недела од 4 дена.

10 милијарди долари од видео-игрици воопшто не е лошо

Студиото зад мобилната верзија на „Call of Duty“ и „Honor of Kings“, 2020 ја завршило со приходи од 10 милијарди долари.

Либералите извршија предавство на либерализмот

„Либерали, уозбилете се, не може ама баш за сè околу нас да се виновни „десничарските дезинформации“, порачува во Гардијан еден американски историчар кој забележува дека во прогресивните кругови денес владее уплав што постои „немодериран“ свет во кој виреат мисли надвор од нивниот замислен консензус.

Германија ќе го плати и гради пристаништето во Бејрут, ама...

Првиот дел од насловот е за целиот народ на Либан, „ама“ е за политичарите и владетелите на земјата, кои успеаа да ја дотераат до дереџето во кое се наоѓа.

Вие никогаш нема да бидете дел од ЕУ

Чедомир Јовановиќ открива дека уште на денес покоен Ѓинѓиќ, од највисоки можни европски инстанци му било предочено кои се посакуваните граници на ЕУ: оние на Австроунгарската монархија плус фронтот кон Русија. Со тоа што, после Бугарија успеа да им се прошверца и затоа се денес вакви какви што се.  

Амазон планира уште повеќе да ги дотепа продавниците

Планот што го разгледуваат во Амазон е да отворат „аутлети“ во кои ќе ја продаваат комплетната стара залиха на непродадена бела техника и останати производи по уште поголем попуст.

Само полошо ќе биде

Сегашните статистики откриваат две прилично трауматични бројки за мажите: прво, дека просечната големина на пенисот константно се намалува во изминативе децении, и второ, истото се случува и со бројот на сперматозоиди. И за сето ова е виновен тестостеронот, односно недостаток на истиот.

И касетата воскресе, вајстина воскресе

Иако тешко ќе најдете постар читател на овој сајт кој нема некоја лична хорор приказна за тоа како неговата омилена касета била изџвакана од некој касетофон, или пак таков кој е полн себе што „младиве денес“ појма немаат како касетите биле мотани со молив, ова инфериорно но слатко чудо навистина се враќа на сцената.

Нешто смрди во оздравувањето од ковид

Ако губењето на осетот за мирис и вкус беше симптом за заразеност од коронавирус, новодетектиран симптом при оздравување од болеста е уште побизарен: осетот се враќа, ама, раштиман.  

И во време на Бајден се бара одговорност, ама од кучиња

Како што Трамп не можеше да ги мине првите сто дена на раат без од него да побараат да поднесе оставка, таков таксират во првите сто дена на Бајден ги снајде волчјаците на американскиот претседател.

Американска фабрика упропасти 15 милиони дози од Џонсон и Џонсон вакцината

Фабриката која требаше да произведе десетици милиони дози од Џонсон и Џонсон, што беа важен дел од планот на Бајден за вакцинирање на земјата, сега треба комплетно да престане со производство додека властите не ја истражат грешката.