Математиката до која стига едно американско истражување е дека од 1982 има 1-процентен пад на нивоата на тестостерон кај мажите, годишно.
Проблемите кои само се агрегираат во неброени научни студии не се резултат на некој голем заговор против машките сантиметри и сперматозоди, туку резултат на „модерниот начин на живот“.
Научниците ги идентификуваат како ЕДЦ (Endocrine Disrupting Chemicals - хемикалии што го нарушуваат работењето на ендокриниот систем) како главни виновници за ова. Главниот извор на ЕДЦ се пластика и пластични пакувања, пестициди и хемикалии во производи што секојдневно ги користиме. Главната штета што ја прави ЕДЦ е што се врзува со системите за производство на хормони и го прелажуваат нашето тело дека тие се природниот хормон.
Откако инстатно ментално ставивте крај на користење пластика и се префрливте само на органска непрскана храна, да ви го кажеме полошиот дел:
Исто или слично влијание има и:
- јадење месо и преработено месо (салами)
- пушење цигари
- пушење марихуана повеќе 1 неделно
- консумирање млеко и млечни производи
Тоа што може да го направите за себе, а да биде одржливо (не само да се откажеш од месо до следната скара), е:
- да не подгреваш храна во пластични садови
- помалку консумација на храна за носење и брза храна (главно заради пакувањето, бидејќи и хартијата за виткање брза храна ги содржи штетните хемикалии)
- ако користиш тефлон тавче, да се подготвува на тивок оган и не многу долго (да има и други видови тавчиња освен тефлон, ама бараат малку повеќе знаење во готвење). Ако случајно тефлон тавчето има и најмала зуцка, одма во канта.
- колку е можно помалку пакувана храна.