Вести

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Речник

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Ботови ја диктираат изборната кампања во Израел

Гласачите во Израел се бомбардирани со лажни снимки, монтирани од ВИ, кои изгледаат реално. Ботови наведуваат онлајн дискусии кон специфични агенди и гласаат по анкети. Други прибираат секакви информации за гласачите и им сервираат пропаганден материјал типичен за нивните интереси. Сите партии го прават ова и никоја служба нема интерес да ги спречи.

Турција ја жртвува својата плодна житница за нафтен центар

Во време кога војните ги попречуваат традиционалните извозни рути, Анкара го жртвува последното преостанато јадро на плодниот појас на југот на земјата. Плодната житница Чукурова отстапува место на огромна инфраструктура со петрохемиски комбинати околу стратегиското пристаниште Џејхан, каде што се спојуваат два големи нафтоводи.

Фејсбук го враќа листањето постови по време

По ново ќе може да ги ставите на пауза алгоритмите на Фејсбук, и постовите што ви се појавуваат во фид да ги прегледувате хронолошки или по избор од „фејворитс“.

Германија: Станавме смешка на светот

Гневот дома и резилот во странство е што Германија како земја која се потпре на ЕУ во набавката на вакцини, моментално има вакцинирано само 11% од населенито со барем една доза. Во САД ова е 45%, во Израел 60%.

„Перењето“ на Вухан

Извештајот на Светската здравствена организација за потеклото на Ковид-19 е одек на кинеската пропаганда, пишува Вол стрит журнал во својот едиторијал.

Кој губи од УБИ?

Одвреме- навреме се актуелизира темата за универзлниот основен доход ((Universal basic income – UBI), бесповратна и безусловна парична помош која државата би им ја давала на луѓето секој месец, за да ги покријат основните животни трошоци. Како што опиша новинар на Гардијан, тоа се пари кои ги добиваме не затоа што работиме туку затоа што постоиме. 

Дали сме ние стариот Рим?

Корозивните промени во една империја тешко се забележуваат во реално време. Во древниот Рим, додека се случуваше „крајот“ и империјата полека исчезнуваше, никој не бил свесен за тоа. Пратките со жито продолжиле да пристигнуваат од провинциите но вистинската моќ веќе била префрлена на друго место.

Преку Дрина до вакцина

Барем 30 години, уште кога Црвена Ѕвезда ја играше легендарната сезона 1990/91 кога добутка до титулата првак на Европа, во Белград се немаат слеано толкав број луѓе од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, како минатиот викенд. Овојпат причина не беше спортот туку борбата за здравје и гол живот.

На светот му треба нова ковид вакцина во рок од една година

Човештвото има една година или помалку пред првата генерација на ковид-19 вакцини да станат неефективни, заради што ќе биде неопходно нивно модификување, тврди поголем број епидемиолози, виролози и специјалисти за заразни болести.

Каде е сексуалното малтретирање кога ти треба?

„Во моментов би убила за да бидам малку сексуално малтретирана“ ќе изјави една од функционерките на австралиската Либерална партија на состанок со колегите околу новите правила на однесување во партијата.

Трговската дилема на векот: дал да се шири Суец или да се патува преку руската рута?

Затката што се случи во Суецкиот канал во преден план извади две потенцијални решенија кои до сега глатко беа игнорирани затоа што на глобалната трговија никогаш не и се случило кревање рачна како сега.

Французи ќе треба да вадат дозвола за порно во трафика

Откако решија дека тоа што ќе кликнеш дека си полнолетен не е доволна заштита за малолетници, Французите сега ја разгледуваат опцијата секој да оди до локалната трафика и од таму да подигне дозвола за гледање порно на интернет.

Странски служби си бркаат работа

Еден трговски спор помеѓу две канадски фирми се комплицира откако се дознава дека едната фирма ангажира екс-Мосадовци да го дискредитираат судијата кој претходно пресудил против нив. Пробале да се вадат дека не знаеле што во нивно име прават оперативците, но судијата фино ги заќуткал.

Коронавирус: Крај на играта или бескрајна војна?

Во случајот на АстраЗенека, регистрирани се 22 случаи на тромбоза на 17 милиони вакцинирани. Тоа е помал ризик од оној кој го носи аспиринот и неспоредливо помал од ризикот на обично седнување во кола. Колку време се колебате дали вреди ризикот да се седне во кола и да се одвози некаде?

Како Меркел изгуби контрола

Иако ковид е глобален проблем што не знае за граници, пандемијата ја раздрма германската политика како ништо до сега. За прв пат по 16-годишно владеење, Ангела Меркел минатата недела, пред камера, се извини за грешка.

Ковид сепак најверојатно, скоро па сигурно, е пренесен од животни на луѓе

Сценариото дека ковид-19 е создаден и протекол од лабораторија е „екстремно неверојатна“ се наведува во извештајот од заедничката истрага на СЗО и Кина за потеклото на пандемијата.

Мексико призна дека смртноста им е многу поголема

Новите извештаи на владините и здравствени институции ја корегираа цифрата на реалната смрност од ковид во земјата. Сега оперираат со бројка која е дури 60% поголема од претходната. Ама па аранжманите им се евтини.

Брзи тестови рок концерти раѓаат

Шпанија го имаше најмасовниот настан во Европа досега, одржан во услови на пандемија. На рок концерт дошле 5.000 луѓе кои дента минале негативни на брз корона тест.

Кај патници од Танзанија откриена до сега најмутирана варијанта на ковид-19

Извештајот поднесен во СЗО и регионалните тела, покажува дека оваа варијанта има 10 пати повеќе мутации отколку во која било до сега идентификувана верзија на ковид-19.

Блокадата што затна проток од 9,6 милијарди долари на ден

Бродот што пред два дена се заглави во Суецкиот канал уште е таму и нема намера да мрдне. Моментално градацијата на проблемот е: веќе над 150 бродови се заглавени и не можат да продолжат со патувањето, и се очекува дека така ќе биде барем до следната недела.

Ниту еден новинар на првата прес-конференција на Бајден не праша за пандемијата

Иако Бајден во својот вовед во повеќе наврати зборуваше за пандемијата, што се прави и што планира да направи, тоа беше последен пат што на првата прес-конференција на Бајден како претседател на САД беше спомнат моментално најголемиот светски проблем.

Хилари Клинтон и пустелијата на капиталистичкото срце

Идејата дека вакцината е општо добро и треба да биде достапна на сите, се насука на гребенот на капиталистичката алчност. Во ситуација кога сиромаштијата од Третиот свет е осудена со години да умира заради недостапност на вакцини, прочитајте што ја растажува Хилари Клинтон.  

Како Кина ја пали „разбудената“ толпа

Во 2021 кинескиот режим почна да им држи лекции на САД за расизам и неправди. Да, ова е истиот кинески режим што става милиони Ујгури муслимани во кампови за ре-едукација.

Во Белата куќа се враќаат збогатени кираџии

Откако се смени првиот човек на Белата куќа, во неа се враќаат некои нејзини „станари“ кои таму службуваа во ерата на Барак Обама. Види чудо, вториов пат доаѓааат многу побогати отколку првиот.

Кое е оправданието за да платиш 2,9 милиони долари за твит?

Веројатно најприфатливо би било „имам пари, ми се може“, ама па тоа е некако незгодно да го кажеш пред милиони сиромашни, па ќе треба малку пофино да го спакуваш објаснувањето.

Како да одглавиш 200.000-тонски брод од канал?

Насукан карго брод, подолг од Ајфеловата кула, вчера успеа да го потсети светот за важноста што Суецкиот канал ја има за комплетната глобална економија.