Во Белата куќа се враќаат збогатени кираџии

Откако се смени првиот човек на Белата куќа, во неа се враќаат некои нејзини „станари“ кои таму службуваа во ерата на Барак Обама. Види чудо, вториов пат доаѓааат многу побогати отколку првиот.

Неколкумина државни функционери од времето на Обама се враќаат во Белата куќа под раководство на Џо Бајден, а нивниот камбек е со полни џебови и подлабоки врски со корпоративните интереси.

Вратен е шефот на кабинетот Рон Клеин, советничката за внатрешна политика Сузан Рајс, директорот на советот за национална економија Брајан Дис и координаторот за вонредни здравствени ситуации, Џаф Зајентс, сите со неколкукратно зголемени лични богатства во последниве неколку години.

Рајс, која е една од најбогатите вработени во Белата куќа пријавила меѓу 36 и 149 милиони долари, што е 3-4 пати повеќе од она што го имала во 2009 година, кога се приклучила во екипата на Обама.

Таа има околу 5 милиони долари во акции во Џонсон и Џонсон, Епл и Мајкрософт. Акции поседува и во Нетфликс каде што е членка на извршниот борд а поседува акции и во енергетски компании, вклучувајќи 5 милиони долари во канадска компанија за дистрибуција на природен гас. 

Лани заработила и 620.000 долари на разно-разни корпоративни или академски говоранции, 250.000 од тантиеми за книга што ја прави нејзината минатогодишна заработка меѓу два и 6,7 милиони долари.

Четири пати поголемо е и богатството на долгогодишниот советник на Бајден, Рон Клајн, кој своевремено пријавил имот од 3,4 милиони долари за сега да дојде на функција со капитал од 12,2 милиони долари.

Од цела таа екипа на Бајден, убедливо најбогат е Џеф Зајентс кој сега е координатор за ковид мерки и кој се проценува дека тежи 448 милиони долари.

25 март 2021 - 13:57