Според заклучокот што го објавува Асошиејтед прес најверојатното сценарио е дека вирусот од лилјаци преку други животни завршил кај луѓе.
Иако заклучоците се главно како што се очекуваше, тие „оставаат голем број неодговорени прашања“, заради што тимот предлага дополнително истражување „во сите правци освен на хипотезата за протекување на вирусот од лабораторија.“
Асошиејтед прес објавува протечена верзија на извештајот, чие официјално објавување веќе неколку пати беше откажано, заради што постојано растат сомнежите околу неговата искреност и точност. Оваа верзија АП ја има добиено од дипломат со престој во Женева кој доаѓа од земја членка на СЗО.
Во извештајот научниците имаат наведено 4 сценарија за пренесување и појава на вирусот. Нивниот заклучок е дека пренесувањето на вирусот од лилјак на „животно посредник“ па на човек, е многу веројатно.
На второ место е директното пренесување од лилјаци на луѓе, кое е оценето како веројатно, а на трето е пренесувањето преку замрзната храна кое е оценето како возможно но малку веројатно.
Последното сценарио е дека вирусот настанал во лабораторија и дека е пуштен од таму. Ова е оценето како „екстремно неверојатно“.
****
Претходно:
- Што се случи со истрагата на СЗО за потеклото на ковид-19 во Кина?