„Во следниот еден час, ниту еден од маскираните и социјално дистанцирани новинари собрани во Белата куќа не праша за пандемијата,“ пишува Вашингтон пост.
Наместо тоа Бајден е најмалку десет пати прашан за напливот на мигранти на американско-мексиканската граница. Плус прашања околу неговите планови за спречување на блокада на Конгресот, закони за гласање, контрола на оружје, Кина, Северна Кореја и Авганистан.
Недостатокот на прашања околу пандемијата го забележуваат и уште неколку водечки американски новинари, чии коментари се дека тоа „според сите стандарди е срам“, „апсурден неуспех на новинарите да се фокусираат на најважното прашање“ и „заслепувачки е тоа што ниту едно прашање не беше поставено за пандемијата“.
„Бајден чекаше повеќе од два месеца по инаугурацијата за да одржи прес-конференција, што е подолго од кој било негов претходник во изминатите 100 години. Од кога го објави настанот на почетокот од месецот, коментаторите масовно шпекулираа околу тоа како новиот претседател ќе се покаже на прес-конференцијата,“ се објаснува во текстот на Вашингтон пост, кој исто така имаше свој новинар на прес-конференцијата.