Блокадата што затна проток од 9,6 милијарди долари на ден

Бродот што пред два дена се заглави во Суецкиот канал уште е таму и нема намера да мрдне. Моментално градацијата на проблемот е: веќе над 150 бродови се заглавени и не можат да продолжат со патувањето, и се очекува дека така ќе биде барем до следната недела.

Грубата процена базирана на бројките на Лојдс е дека низ каналот дневно минува сообраќај кон Запад во вредност од 5,1 милијарда долари, и сообраќај кон Исток во вредност од 4,5 милијарди долари.  Моментално според процени на Лојдс и Блумберг меѓу 165 и 185 бродови чекаат да го минат каналот кон исток или кон запад.

За сега обидите со багери да се ископа заринканиот 400-метарски брод не успеаа, а иста судбина имаа и обидите за здружно поместување на бродот со реморкер бродови.

Меѓу останатиот товар кој дреме пред портите на каналот се и речиси 13 милиони барели сирова нафта распоредени во 10 танкери. Освен овие танкери, има и 35 бродови со контејнери, 40 бродови со непакувани продукти од цемент до житарки и 8 бродови на кои е товарена жива стока.

26 март 2021 - 13:47