Ова е надополнување на промената од октомври кога Фејсбук ја воведе алатката „фејворитс“ која им дозволи на корисниците да изберат до 30 пријатели и страни чии содржини ќе имаат приоритет во прикажување на њуз фид. Фејсбук од пред некое време ја има можноста за сортирање на фидот по „најнови“, меѓутоа ова е збутано во опциите.
Сега фејворитс и хронолошкото листање ќе бидат додадени како главни табови на апликацијата. Промената деновиве би требало да се појави на Андроид апликацијата, а на Иос се очекува да биде достапна во претстојните недели.
За сега не е познато дали ова ќе биде достапно на веб верзијата на Фејсбук.
За да не биде сето ова глатко, Фејсбук нагласува дека двата нови табови не се фиксни во менито и доколку не се користат повеќе од 7 дена нив ќе ги снема па ќе треба да ги бараш низ лавиринтите на опциите на апликацијата.
Во новиот пакет е и опцијата за корисниците / страниците, да ограничуваат кој се може да коментира на нивните постови.