Каталист капитал груп од Торонто платила 11 милиони долари на приватна израелска разузнавачка фирма за ангажман кој би водел кон дискредитација на судија од Онтарио.
Црната коцка, со седиште во Тел Авив е составена од поранешни членови на израелските одбранбени служби и разузнавачката Мосад. Од друга страна, Каталист со години биле заглавени во правни битки со друга фирма околу купување на еден стартап вајерлес оператор.
Израелските оперативци лажно се претставуваат како клиент во арбитража и остваруваат средба со веќе пензионираниот судија за да го ангажираат како арбитер. Судските списи откриваат е-маил дека целта на Израелците биле да го претстават судијата Френк Њуболд, кого тајно го снимаат на нивните меѓусебни средби, како расист и антисемит.
Откако се провалени, фирмата која ги ангажира Мосадовците бара од судот да не се објават нивните имиња, на што вишиот судија од Онтарио Кери Босвел одговара:
"Лицемерно е странката да покрене загриженост за приватноста кога нивниот деловен модел вклучува ангажирање на лица кои со лажење се обидуваат да извлечат приватни и доверливи информации. Не се сомневам дека Црна коцка знае дека оној кој со меч си игра, од меч и ќе настрада."
Каталист Капитал пробаа да се оградат од нелегалните активности на Црната коцка, правдајќи се дека не биле упатени во тоа што овие прават, на што судијата Босвел им одговара:
„Природно е дека некој кој е подготвен да плати толку голема сума ќе сака да знае за што плаќа. Инаку, како ќе знае дали надоместот е разумен? Алтернативно објаснување е дека тие не сакале да знаат. Ама, знаењето и намерното слепило се блиски роднини“.