Кое е оправданието за да платиш 2,9 милиони долари за твит?

Веројатно најприфатливо би било „имам пари, ми се може“, ама па тоа е некако незгодно да го кажеш пред милиони сиромашни, па ќе треба малку пофино да го спакуваш објаснувањето.

Сина Естави пред некој ден го купува како НФТ првиот твит објавен од основачот на Твитер, Џек Дорси, по цена од 2,9 милиони долари.

Ставот на Естави е:

„Ова е дел од човековата историја во форма на дигитално дело. Кој знае за 50 години која ќе биде цената на првиот твит во човековата историја?“

За да биде појасно, тој го спореди твиот на Џек Дорси со Мона Лиза на да Винчи.

Естави смета дека ова е пазар во подем, кој е сосема на својот почеток, дополнувајќи дека неговите инвеститори и колеги се среќни околу инвестицијата бидејќи „тие ја знаат вредноста и идната цена на овој конкретен НФТ и влијанието што тоа го има на социјалните медиуми“.

Првиот твит во историјата е „just setting up my twttr“, и е објавен од 21 март 2006.

25 март 2021 - 13:03