Трговската дилема на векот: дал да се шири Суец или да се патува преку руската рута?

Затката што се случи во Суецкиот канал во преден план извади две потенцијални решенија кои до сега глатко беа игнорирани затоа што на глобалната трговија никогаш не и се случило кревање рачна како сега.

Моментално меѓу 10 и 12% од целиот товарен бродски сообраќај минува низ Суецкиот канал. Во овие неколку дена дур Евер гивен беше заглавен, на влезовите од каналот се направи гужва од околу 400 товарни бродови.

Едниот предлог е да се прошири Суецкиот канал за да ги собира новите и се поголеми товарни бродови, чии следни верзии исто така најверојатно ќе продолжат да растат. Слично нешто беше направено и со Панамскиот канал, кој со години беше неупотреблив за најголемите товарни бродови.

За одглавување на Евер гивен беа извадени 27.000 кубици песок, до длабочина од 18 метри.

Проширувањето на Панамскиот канал прв пат беше предложено во 2006, а изградбата започна во 2011 и траеше 5 години:

Драмата беше искористена и од Русите за привлекување внимание кон нивната Северноморска рута, која се отвори благодарејќи на амбициозниот план на Путин, и неспоредливо повеќе благодарејќи на глобалното затоплување, што го истопи арктичкиот мраз кој инаку не можеше да се пробие.

Рускиот план за разработување на Арктичката рута вклучува изградба на флота од десетици нуклеарни мразокршачи и други бродови, кои ќе ги мапираат природните ресурси во регионот, а се планира и развивање на аеродроми, пристаништа и железница во северна Русија.

Краткорочниот план е до 2024 товарниот сообраќај преку Арктичката рута да се зголеми на 80 милиони тони годишно. 2020 беше завршена со 32 милиони тони.

 

30 март 2021 - 10:58