Заглавениот е МВ Евер гивен, а спасителите на бродот и нарачките од преку половина свет кои дремат како на граница, е холандската компанија СМИТ Салвиџ легендарна по своите интервенции на бродовите низ цел свет. Ова беше компанијата која во 2001 ја извади руската нуклеарна подморница Курск, а во 2012 го испразни целото гориво останато во крстосувачкиот брод Коста Конкордија.
Сопствениците на МВ Евер гивен работата за одглавување на бродот му ја доделија на СМИТ, кој прво ќе треба да утврди колку длабоко е навлезен бродот во ѕидот на Суецкиот канал. Проверката ќе биде и површинска и под вода. Во целата работа ќе треба да помогне и јапонската Нипон салвиџ.
Откако ова ќе се утврди, едно од решенијата е да се растоварат дел од контејнерите на бродот, за да се олесни неговиот товар, за тој да може да биде извлечен во по погодна позиција.
Олеснувањето во најдобар случај ќе значи празнење на баластот од вода, кој служи за стабилизирање на бродот на отворено море и дел од горивото. А во најлош случај растоварување на дел од контејнерите кои содржат сè од возила и мебел, до телевизори.
Низ каналот минува околу 10% од вкупниот поморски товарен сообраќај, а во еден момент над 100 бродови беа блокирани и не можеа да го минат каналот.
Снимките од несреќата покажуваат дека бродот заради својата должина успеал да се заглави и со предниот и со задниот дел, поставувајќи се речиси како рампа во каналот, што го спречува извлекувањето на бродот од која било страна.
Една олеснителна околност во целата работа е што бродот е заглавен во песок, а не во карпи.
Дел од планот се потпира и на најавената плима која би требала да се случи во следните неколку денови.