Вести › Набрзинка
Опасно лизгање на земјиште на Водно
- Активирано е свлечиште на падината на Водно кај улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, кое ги загрозува околните објекти и делови од Клиничкиот центар.
- За да се спречи реалната опасност од понатамошно ширење на свлечиштето, градоначалникот на Општина Центар, ЦУК и претставници на други институции и служби одржале итен консултативен состанок и ја повикале владата да одобри мерки за санација, изградба на потпорен ѕид и регулирање на атмосферските води.
- Дел од потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести се урна лани во јуни.
- ЦУК уште во 2022 година побарал од Град Скопје да изработи проект за да се реши проблемот со сливните атмосферски води од Водно.
- Дел од каналската мрежа за водите од Водно е затрупана или уништена како последица на големата урбанизација во изминатата деценија.
Пред 135 години: Првата докторска дисертација за македонскиот јазик
-
На 27 ноември 1890 (кога Тито не бил ни роден) балто-германскиот лингвист Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил првата докторска дисертација за македонскиот јазик на тогашниот Дерптски универзитет (денес Тарту) во Естонија.
-
Младиот студент дошол во Тарту да студира теологија, но не тргнал по стапките на татко си и не станал свештеник, туку филолог.
-
Клучна улога во запознавањето со Македонија, како што Леонард Мазинг објаснува во својата докторска дисертација, имале двајца Македонци кои ги запознал во текот на неговите студии во Лајпциг и во Петроград: велешанецот Иван Ѓоргов и Димитар Топеничаров, по потекло од Охрид.
-
Мазинг оставил и лична кореспонденција со големиот поддржувач на македонскиот јазик - професорот Иван Александрович Бодуен де Куртене, кој бил негов ментор а му бил професор и на Крсте Петков Мисирков.