Мексико призна дека смртноста им е многу поголема

Новите извештаи на владините и здравствени институции ја корегираа цифрата на реалната смрност од ковид во земјата. Сега оперираат со бројка која е дури 60% поголема од претходната. Ама па аранжманите им се евтини.

Мексиканската влада призна дека вистинската бројка на луѓе починати од ковид изнесува 321.000, речиси 60% повеќе од досега важечката бројка од 200 и нешто илјади смртни случаи.

Со ова земјата го предизвикува црниот биланс на Бразил кој глобално го држи второто најлошо место по вкупен број на смртни случаи, после САД. Со тоа што Мексико со своите 126 милиони жители има далеку помало население отколку другиве две.

Најновите извештаи покажуваат колку смртоносен бил вториот бран ковид кој ги опожари во јануари. За месец ипол изгубиле 71.000 животи.

На Мексико страшно лоша му е и бројката на прекумерна смрт, која е статистички показател за вообичаената смртност во една земја во одреден период, која се утврдува врз основа на повеќегодишни податоци. Имаат 417.000 случаи на прекумерно умирање од кои 70,5% се поврзани со ковид.

28 март 2021 - 17:07