Новата варијанта е откриена кај патници од Танзанија кои пристигнале во Ангола. Откритието е од Крисп, научниот институт задолжен за генетско тестирање во 10 африкански нации. Ова е истиот институт кој го идентификуваше јужноафриканскиот сој.
До сега јужноафриканскиот сој се покажа како најзаразен и најлесно се справуваше со вакцини. Испитувањето на варијантата откриена кај тројцата патници од Танзанија допрва треба да ја покаже неговата заразност.
За оваа варијанта за сега се знае дека потеклото го води од вирусот што прв пат беше идентификуван во Кина, а не од оние што се мутираа низ Европа.
Танзанија неодамна престана да објавува бројки за заразени од ковид-19, и одлучи да ја отвори својата економија, вклучително и туристичкиот остров Занзибар.