Се работи за фабриката на Емерџент Биосолушнс во Балтимор, која освен Џонсон и Џонсон, произведува вакцини и за Астразенека.
Токму заради ова настанува и грешката, кога вработените ги помешуваат состојките за двата различни видови вакцина со што уништуваат 15 милиони дози од вакцината на Џонсон и Џонсон.
Оваа грешка нема да влијае на дозите кои моментално се испорачани и се даваат низ САД, бидејќи тие се произведени во Холандија.
Грешката е откриена при контрола од Џонсон и Џонсон кога една од состојките од Емерџент Биосолушнс не одговарала на стандардите за квалитет. Смесата која е згрешена во Балтимор се уште била во почетната фаза и не била ни приближно готова за полнење и пакување.