Закрепнувањето од ковид буквално може да им смрди на многу луѓе кои од болеста го изгубиле осетот за мирис и вкус.
Лјекарите сè почесто наидуваат на случаи на паросмија - состојба во која нормалните мириси имаат сосема поинаков мирис за дотичното лице, односно неговиот организам тотално погрешно ги „шазамнува“.
„Како постојано да сте во близина на нешто расипано,“ сведочи една пациентка за својата паросмија.
После две недели борба со болеста, таа таман почнала да се враќа на свое кога почнал јак и сеприсутен смрад да ја мава во ноздрите. Се утепала од барање по дома за да види нејзините миленичиња да не имаат истурено некаде млеко а таа да не видела.
„Секаде го чувствував тој фантом на расипано млеко. Како да ми живеше во носот“, вели Синтија Фиш (sic!)
Во нејзиниот случај, непријатноста траела деесетина дена но лекари велат дека тоа знае да потрае и месец дена, па и подолго.
Ама, за арно е:
„Кога ги гледаме овие симптоми, тоа за нас се добри вести. Тоа значи дека во организмот се случува регенерација, оштетените или уништени нервни завршетоци биваат заменети со нови а тие во прво време знаат да згршат во некое конектирање,“ го објаснува ова мирисно шмелцување оториноларингологот Ерик Брук.