Вести

Ботови ја диктираат изборната кампања во Израел

Гласачите во Израел се бомбардирани со лажни снимки, монтирани од ВИ, кои изгледаат реално. Ботови наведуваат онлајн дискусии кон специфични агенди и гласаат по анкети. Други прибираат секакви информации за гласачите и им сервираат пропаганден материјал типичен за нивните интереси. Сите партии го прават ова и никоја служба нема интерес да ги спречи.

Турција ја жртвува својата плодна житница за нафтен центар

Во време кога војните ги попречуваат традиционалните извозни рути, Анкара го жртвува последното преостанато јадро на плодниот појас на југот на земјата. Плодната житница Чукурова отстапува место на огромна инфраструктура со петрохемиски комбинати околу стратегиското пристаниште Џејхан, каде што се спојуваат два големи нафтоводи.

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Доналд Трамп со часови го испрашувал Грок - четботот со вештачка интелигенција на Илон Маск - за тоа дали Венецуелците би славеле доколку им го уапси лидерот Николас Мадуро. Неколку недели подоцна, ја нареди операцијата со која беше грабнат диктаторот од палатата во Каракас. Тоа го охрабри два месеци подоцна да му објави војна и на Иран.

Речник

ЕУ забранува лажни „зелени“ етикети

Зелената агенда на Европската Унија поттикна бран лажни рекламирања на производи, услуги и проекти како „еколошки прифатливи“. Брисел конечно ја забранува оваа тактика на зелено перење мозоци (greenwashing) на потрошувачите. За да залепат етикети „еко“ или „био“, компаниите ќе мора да приложат докази дека производите навистина се еколошки.

Флорида го тужи Фајзер за ковид вакцините

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19. Бара да им се плати отштета на луѓето а компанијата да го врати профитот.

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Европа, враќање на периферијата на светот

Гледано низ европски леќи, се чини дека континентот никогаш не бил толку цврсто на вистинската страна на историјата. Гледано без тие леќи, над половина од светското население живее во земји кои не се проклучија на санкциите кон Русија. А како да им веруваат на земји на кои „диктаторот“ Мадуро преку ноќ им стана респектабилен трговски партнер? 

Американскиот чај кој не е поскапен 30 години

На многу бензиски станици и во дуќани низ Америка може да се најдат ледените чајеви АриЗона во пакување од 680 милилитри за тотално бадијала цена - само 0,99 долари. Се работи за инает на газдата кој на дело покажува дека капитализмот не мора да биде секогаш лаком и дека се живее и со помали маржи.

Тим Кук во САД треба да биде регистриран како агент на Кина

Заради масовните операции и финансиски интерес што го има во и од Кина, ЦЕО-то на Епл треба да биде заведен како странски агент во САД, а САД треба да размисли и за формирање на „економско НАТО“.

Билд ги советува Германците помалку да се бањаат

Германците ќе мора да променат некои навики за да ја остварат најновата стратешка цел - енергетска независност од Русија. Ама, поретко туширање, нели е тоа нехигиенски? Напротив, вели Билд, секојдневното користење сапун и онака ѝ штети на вашата кожа.

Лошо, полошо, најлошо, Илон Маск во Твитер

Атлантик, прв пасус: „Тој го нарекува Маск ’кењатор што испорачува’. Па дури и надополнува: Маск претставува тип на кењатор каков што немаме видено до сега.“ Вашингтон пост, прв пасус: „сквернавителот на сервисот“. Гардијан, наслов: „Визијата на Елон Маск за интернетот се опасни глупости.“

ЕУ има специјална дипломатија за Северна Африка и Балканот

Брисел сфатил дека во некои „региони со посебни потреби“ луѓето можат не само да се побунат против поскапувањата и недостатокот на основни производи за живот туку и недајбоже погрешно да ги адресираат виновниците па да помислат дека за кризата кои ја преживуваат крив е Запад а не Русија.

Бандите на ЛА во уличен лов на богати

Најмалку 17 различни банди во Лос Анџелес имаат нов начин да си го вадат лебот. Наместо досадни планирања и подготовки, со автомобили кружат околу местата на кои се собираат луѓе со пари и на лице место ги пљачкаат додека си рекол „гламур“. 

150 руски агенти отпуштени од ФСБ заради грешките во Украина

Во масовната чистка на Федералната служба за безбедност најлесно минаа тие што останаа само без работа, а најтешко, за сега, поминува нивниот шеф и раководител на одделот за Украина, Сергеј Беседа, кој заврши во затвор под управа на ФСБ во близина на Москва.

Деколонизирање на математиката?

Фамозната инклузивност, расна сензибилност и слични тотеми на денешното време метастазираа и во една таква наука каква што е математиката. Од некои професори се бара да размислат можеби да не претеруваат со формули на бели математичари.    

Бразилската војска води друга војна

Во понеделникот беше објавено дека бразилската војска купила илјадници вијагра апчиња за своите војници, за еден ден подоцна ова да биде дополнето и со информацијата дека војската исто така купила и импланти за пенис.

Зеленски почна да ѝ се понаша на Германија

Украинскиот претседател го одбил барањето на германскиот претседател да ја посети земјата заедно со другите европски поличари. Зеленски и владата во Киев знаеле за неговите добри односи со Русија па решиле дека претседателот на Германија е непожелен за посета на Киев. 

Дојче телеком ќе прави глобален вакцинален пасош

Светската здравствена организација ги ангажирала Т-Системи на Дојче телеком да изработат софтверско решение за глобален вакцинален пасош. Ко сега што кмишиме по шалтери кога ќе ни се појави дупка во стаж, еден ден по граници ќе се објаснуваме како дошло до празнината меѓу седмиот и деветтиот бустер.

Со љубов од Кина

Израелските власти прават рутинска проверка на шолји за чај/кафе што израелско министерство ги има добиено на подарок од кинеската амбасада. По нивната проверка истрагата ја продолжува Шин Бет.

Небодерска вејка на ветрот

Спремен за вселување е најновиот њујоршки облакодер кому можат да му се радуваат оние што имаат многу пари и оние кои немаат мака со морска болест. Зградата е толку висока и тенка што последните катови се лулаат по 60-тина сантиметри наваму натаму кога ќе задува ветер.

Неуспехот на Макронизмот

Убедливата победа на Макрон во 2017 година и неговите центристички, технократски и про-ЕУ политики се чинеше дека на подолго време ќе ги остават популистите и десничарите во длабока политичка дефанзива. Ама, еве ги, повторно му дишат во врат.

Како тоа Русија и понатаму победува?

Новинарот на американски Политико кој прави неделен извештај за светски теми, ги предупредува читателите дека победи не се освојуваат само на воено поле „со други зборови, можеш да победиш дури и кога си понижен на воено поле“.

Кина е исплашена за храна, и тоа сите ќе го платиме

Критичарите ја обвинуваат Кина дека почнала да прави преголеми залихи на житарки, па во време кога остатокот од светот трепти дали воопшто ќе има житарки за купување на светскиот пазар Кина има повеќе од половина од светските резерви од одредени култури.

На толку сељаци, пак немаме среќа

Безобѕирно сељачиште се удира во жена во супермаркет и прави таа да ја згреши лото грепката што сака да ја купи, и сега жената е побогата за 10 милиони долари.

Буџетот на Путин ќе преживее ЕУ ембарго за гас и нафта

Процената на Ројтерс е дека потенцијалната забрана од Европа за купување енергенси ќе биде тешка за Русија, но ни од далеку погубна.

Европските патишта и железници не се спремни за војна со Русија

Годините игнорирање на клучна инфраструктура во источниот дел на Унијата сега се покажува за главна логистичка препрека за посериозно помагање на Украина од страна на ЕУ, дури и кога Унијата тоа вистински го сака.

Руската инвазија под ново раководство

Русија изврши две стратешки организациски промени во операцијата во Украина: прво целосната операција сега е под команда на јужната воена област, а јужната воена област е под команда на генералот Александер Дворников, кој претходно ја држеше Сирија.

Како БЛМ стана голем бизнис?

10 години откако се роди, движењето постигна многу, само што тие постигнувања не се мерат во нечија рамноправност, туку во милиони долари. Лидерите на БЛМ можеби звучат како марксисти (често од црвено-кмерски происход), но затоа суштината им е дебело капиталистичка.

САД веќе не пребира какви разузнавачки информации ќе користи

На американските служби моментално им е поважно да бидат еден чекор пред Путин отколку да имаат квалитетни, цврсти и издржани разузнавачки информации, тврдат американски функционери.

Морони, аманте со „промена на режимот“

За 42 години, Американците срушиле или пробале да срушат 72 странски влади. Онаму каде што успеале, често настапувала нестабилност, помалку демократија, опасност од граѓански војни. За на крај, на власт да дојдат некои кои се 1.000 пати понепријателски настроени кон Америка. „Сакаме тоа пак да го пробаме со непријател кој има нуклеарки?“