Помалку загревање на просториите, поретко одење во сауна и поретко туширање се дел од предлозите кои во поглед на зависноста од руски енергенти неодамна ги нафрли германскиот федерален министер за економија Роберт Хабек.
Билд пак, реши да даде до знаење дека секојдневното користење и триење со сапун не е најздраво за кожата па за овие теми поразговарале со дерматологот Јаел Адлер.
Соговорникот потсетил дека на кожата живеат здрави бактерии кои умеат да се размножуваат ако бидат оставени раат, тоест ако не се бањаме. Тие после штитат од егзема и од оние супстанци кои мирисаат лошо.
„После три недели, непријатниот мирис исчезнува и започнува процес на само-прочистување на кожата. „Добрите“ бактерии имаат шанса да се покажат само ако кожата мирува три недели. Мијте ги само мишките, стапалата и меѓуножјето ако си мирисате на стоено“, препорачува доктор Адлер.
Многу луѓе веруваат дека мора да се тушираат, особено после вежбање. Но дури и после спортско запотување, сапун не бил неопходен бидејќи потта се раствора во вода и брзо се отстранува од кожата.
„Потта ја подобрува киселоста на ПХ вредноста, им помага на здравите бактерии да се размножуваат и ја одржува хидратантноста на кожата. Свежата пот не мириса, мирисот доаѓа само од распаѓање на бактериите. Ако се миете со алкален сапун, ја уништувате киселоста на кожата околу осум часа и во тој период смрдливите бактерии можат да се размножуваат“, објаснува докторот.
Министерот Хабек предложи и повеќе да се користи велосипед и воз како и да се затвораат ролетни и кепенци навечер за да се штеди енергија а министерот за земјоделие Чем Оздемир од Алиојанса90/Зелените препорачал и да се јаде помалку месо што би било „придонес против Владимир Путин“.