Американскиот чај кој не е поскапен 30 години

На многу бензиски станици и во дуќани низ Америка може да се најдат ледените чајеви АриЗона во пакување од 680 милилитри за тотално бадијала цена - само 0,99 долари. Се работи за инает на газдата кој на дело покажува дека капитализмот не мора да биде секогаш лаком и дека се живее и со помали маржи.

Упорното одбивање на производителот на ледениот чај АриЗона да ја мрдне цената цели три децении се должи на фактот дека фирмата е под контрола на еден единствен милијардер, Дон Вултаџо.

Со други зборови, нему на врат не му виси никаков надзорен или управен одбор кој ќе бара да го максимизира профитот заради зголемување на цената на акциите. 

А Дон се држи до таа цена и заради една маркетинг цака: стабилната и ниска цена сама ефикасно го рекламира производот  па нема потреба од одвојување адвертајзинг буџети.

Вултаџо цели седум години водел судски битки со другиот основач Џон Феролито кој сакал да го продаде својот удел на некоја од големите мултинационални компании од кои имал понуди, од рангот на Нестле и Кока Кола. Вултаџо го добил случајот па морал прв да добие понуда по што го купува уделот на ортакот за нешто помалку од една милијарда долари. Феролито морал да се задоволи со таа сум иако имал значајно повисоки понуди од големите компании.

После 30 години, доларот не вреди ни половина од првичната вредност на доларот и притоа се покачени сите други влезни параметри, сировините, амбалажата, транспортните трошоци....

Но Дон Волтаџо упорно и убедливо покажува дека може да се живее и со намалена маржа и дека капитализмот не мора ама баш секогаш да се темели на лакомост по зголемени профити.

18 април 2022 - 13:28