Европската унија планира во Северна Африка, на Балканот и на Блискиот исток да се бори против руските наративи околу влијанието на војната во Украина врз секојдневниот живот со нешто што го викаат „прехрамбена дипломатија.“
Брисел сфатил дека зголемувањето на цената на битните производи како што е пченицата и вештачките ѓубриња предизвикува незадоволство и гнев во „ранливите“ држави во овие региони па постои опасност нивното население да поверува во објаснувањата на Москва дека поскапувањата се должат на западните санкции кон Русија.
Бидејќи тоа се оценува како потенцијална закана за влијанието на ЕУ, унијата планира да контрира со „прехрамбена дипломатија и битка на наративи,“ цитира Ројтерс неименуван дипломат на ЕУ.
Земји кои се наоѓаат на маргините на ЕУ главно се високо зависни од руски и украински суровини, што пченица, што нафта и гас а Брисел се потсетува дека не смее да си дозволи да изгуби цели региони заради можноста цените и кусокот да доведат до про-руски сентименти.
„Не се санкциите тие што создаваат ризик од криза за храна, туку тоа го прави руската окупација на Украина,“ го сумираше посакуваниот наратив шефот на француската дипломатија.
Франција како најголем агро- производител во ЕУ, го бутка проектот ФАРМ кој вклучува креирање глобален механизам за дистрибуција на храна со кој би им се помагало на сиромашките.
Минатата недела ЕУ обезбеди 225 милиони евра за Северна Африка и Блискиот исток а земјите од Западен Балкан ќе треба да поделат 300 милиони евра „во земјоделства помош“.