На сослушувањето во Конгресот порачано е дека ЦЕО-то на Епл е субмисивен кон Пекинг, а како пример за тоа е наведено што Епл отстранил една од клучните апликации за организирање на демонстрантите во Хонгконг за време на протестите во 2019. Ова се однесува на ХКмап.лајв, апликација за споделување на локацијата на полицијата и анти-владините демонстранти во Хонгконг.
„Апликацијата го разгневи Пекинг... и во рок од неколку денови апликацијата беше тргната од Ап стор.
Ваквата моќ на Кинезите да заробат странски американски корпорации е многу важна и нешто на кое мора да одговориме.
Тим Кук знае, Реј Далио знае (исто така голем инвеститор во Кина со значителен удел во Алибаба), дека ако малку излезат од рамките на тоа што го сака Пекинг, би можело да им снема струја,“ изјавува пред Конгресот, основачот на Економскиот стратешки институт во Вашингтон, Клајд Престовиц.
Престовиц, кој своевремено е дел од администрацијата на Реган, го споредил бришењето на апликацијата ХКмап, со одбивањето на Епл во 2020 да му помогне на ФБИ да го отклучи Ајфонот на напаѓачот на морнаричката база во Флорида, во кој загинаа 4 лица. Ова според него покажува до кој степен компаниите што работат во Кина се „задолжени кон Пекинг на начин на кој не се кон американската влада“.
Тим Кук го предводеше влегувањето на Епл во Кина во времето кога беше директор за операции на компанијата. Денес, речиси сите производи на Епл се составуваат во Кина, а од земјата доаѓаат 21% од глобалните приходи на компанијата.
Освен регистрирањето на Кук како странски агент, Престовиц предлага преструктуирање на глобалната економија за слободните пазари да можат да им парираат на држави како Кина. Според него потребно е формирање на ЕНато, кое би требало да ја наследи Светската трговска организација и „ефикасно да ја подели глобалната економија на економија од слободниот свет и меркантилистичка економија, кои меѓу себе би соработувале под стриктно реципроцитетни услови.“
Назак Никакхтар, економистка од администрацијата на Трамп, исто така го поддржува концептот на ЕНато, образлагајќи „нема апсолутно никаква логика да се инвестира во синџирите за снабдување на противниците наместо во нашите.“