Шолјите содржеле компонента што израелското разузнавање ја сомничи дека е уред за шпионирање. Делот е откриен за време на проверка на еден од садовите, а откако израелските власти почнуваат да се сомневаат дека станува збор за уред за прислушување тие ја алармираат и тајната служба Шин Бет.
Во исто време израелски функционери се предупредени дека треба да бидат екстра внимателни околу примањето подароци од странски ентитети.
Кинеската амбасада подарокот го испраќа до Министерството за наука и технологија, и најверојатно биле наменети за надлежниот министер.
Подарокот бил прегледан пред воопшто да стигне до канцеларијата на министерот. Израелските медиуми објавуваат дека и двете министерства се релевантни за израелски инфраструктурни проекти за кои Кина е заинтересирана.