Двоцифрен број банди од Лос Анџелес ги таргетират богатите од градот на нов и агресивен начин, праќајќи свои екипи во неколку коли да најдат, следат и на лице место пљачкаат онакви кои возат скапи коли или носат скапоцен накит.
Пљачките се случуваат без подготовки и планови, веднаш штом пикираните жртви ќе излезат од бесна кола, ексклузивен бутик, скап хотел, фенси дискотека и слични ловишта околу кои кружат бандите спремни за акција.
Ограбената стока веднаш завршува на црниот пазар а некои од разбојниците биваат притворени но често и брзо пуштени на слобода, само за да извршат слично дело.
Првиот човек на полициските специјалци вели дека идентификувале најмалку 17 различни банди, главно базирани од јужен ЛА, кои независно едни од други оперираат на ваков начин.
Нападите се случуваат молскавично, кога од три до пет коли ќе излезат маскирани и вооружени бандити кои ја сардисуваат жртвата која најчесто нема време ни да сфати што ѝ се случува. Благодарејќи на камерите, специјалците сфатиле дека во доста случаи, напаѓачите имаат и „спотер“ во објектот кој им дава сигнал дека овцата е спремна за стрижење.