Не е отштета, туку погрешната грепка излегува дека е добитна, па Лакуерда Едвардс, од Лос Анџелес сега е добитничка на премијата од 10 милиони затоа што притиснала погрешно копче.
„Се удри во мене, и не ми кажа ни збор и само излезе од врата,“ изјавила Едвардс.
За парите на нејзе и излегла „200х Скречерс“ грепката, која чини 30 долари, наместо вообичаените поевтини што ги игра. Таа и инстантно се напнала што сите пари и завршиле на само еден тикет што не го ни сакала.
Бидејќи нема назад, го изгребала ливчето, и чувствата драстично се смениле „го гледав пак и пак, го скенирав со апликацијата и пак не можев да верувам дека може да е точно“.
Едвардс ги земала парите и не планира да ги сподели со непознатиот насилник.