Дојче телеком ќе прави глобален вакцинален пасош

Светската здравствена организација ги ангажирала Т-Системи на Дојче телеком да изработат софтверско решение за глобален вакцинален пасош. Ко сега што кмишиме по шалтери кога ќе ни се појави дупка во стаж, еден ден по граници ќе се објаснуваме како дошло до празнината меѓу седмиот и деветтиот бустер.

Т-системи ќе прават софтверско решение за глобална електронска верификација на сертификатите за вакцинација против коронавирус, соопшти телекомуникациската компанија.

Софтверското решение ќе биде засновано на QR код а „вакспортот“ ќе се користел и за други вакцини, како што се детска парализа или жолта треска.

Финансиски детали од договорот не се кажани, ама па затоа е истакнато дека и на двете страни здравјето им е приоритет. Т-системи претходно ја правеа германската апликација за корона предупредување и европскиот систем на верификација на ковид сертификатите. СЗО соопшти дека ќе ги помага своите 194 земји членки да прават национални и регионални системи за верификација а тие ќе бидат мост меѓу регионалните системи.

Вакциналниот пасош оди паралелно со глобалниот пандемиски договор кој под работен наслов „Светот заедно“ го подготвува СЗО, ќе биде задолжителен за нејзините членки а ќе и дава на организацијата извршна команда не само на пандемиски закани туку и за други здравствени состојби како што е дебелината.

13 април 2022 - 11:24