Зеленски почна да ѝ се понаша на Германија

Украинскиот претседател го одбил барањето на германскиот претседател да ја посети земјата заедно со другите европски поличари. Зеленски и владата во Киев знаеле за неговите добри односи со Русија па решиле дека претседателот на Германија е непожелен за посета на Киев. 

Претседателот на Германија е во посета на Полска и балтичките земји и во рамките на таа турнеја посакал да ја посети и Украина за да ѝ даде поддршка но барањето му било игнорирано, со други зборови - одбиено.

Франк Валтер Штајнмаер е поранешен министер за надворешни работи, тоест сојузник на Герхард Шредер, некогаш канцелар, денес прв човек на Газпром.

Официјален Киев дојавил дека знае за блиските врски меѓу него и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров а не им се бендисува што тој отсекогаш бил за блиски односи меѓу Германија и Русија.

“Сите ние знаеме за неговите блиски врски со Русија. Во моментов Штајнмаер не е добредојден во Киев. Ќе видиме дали тоа ќе се смени еден ден“, цитира Гардијан анонимен дипломатски извор од Украина.

Актуелниот претседател на Германија стоеше зад планот познат како „Формулата на Штајнмаер“ од 2016 година со кој се сакаше да се постигне договор за мир за источна Украина. Договорот кој е поедноставена верзија на оној од Минск, подразбираше избори во сепаратистичките региони кои би се организирале под мониторинг на ОБСЕ. Таквите напори не успеаја бидејќи и Украина и Русија, но првенствено Киев, не беше расположен да се држи до договореното во Минск.

„Сакав да испратам силна порака за европска солидарност со Украина, но тоа очигледно не беше посакувано од Киев,“ призна претседателот на Германија.

13 април 2022 - 11:55