Сите вработени се дел од „Петата служба“ основана во 1998 кога Путин е директор на ФСБ, а чија задача се операции во државите на поранешниот Советски сојуз и задржување на руското влијание во истите.
Беседа во март прво беше ставен во домашен притвор, за недамна да биде префрлен во затворот Лефортово во близина на Москва.
Главен извор за наводната чистка е Кристо Грозев, првиот човек на истражувачката мрежа Белингкат, според кого агентите биле отпуштени заради „давање неточни информации на Кремљ за реалната ситуација во Украина пред инвазијата“, главно во однос на политичката расположеност и наклонетост во земјата кон Русија.
„Можам да кажам дека иако значителен број од нив не се уапсени тие повеќе не работат за ФСБ,“ изјавил Грозев.
Минатата недела ФСБ изврши претрес на 20 локации низ Москва на нивни колеги осомничени дека контактирале со новинари. Беседа, кој и понатаму е под истрага, официјално е обвинет за проневера на средства.
Пред да работи за Петата служба, Беседа е ангажиран на задачи за контраразузнавање, во кои има многу блиски врски со филијалата на ЦИА во Москва.
„Доколку тој бил двоен агент, тоа би ги објаснило сомнежите на Кремљ околу начинот на кој американското разузнавање било толку точно во периодот пред инвазијата,“ пишува Том Бол во текстот за британски Тајмс.
Процената на експертот за руски тајни служби, Андреј Солдатов, е дека Беседа најверојатно не бил двоен шпион, меѓутоа тој наратив ќе му послужи на Путин „да го обвини предавникот за неуспехот, тоа е многу руска работа.“