Информацијата ја објавуваат опозициски пратеници, кои бараат објаснување од владата зошто се трошат јавни пари за да се плати за имплантите.
„Бразилскиот народ се мачи да дојде до лекови... а сепак група луѓе ги добива овие скапи протези,“ изјавил конгресменот Елиаз Ваз.
Наводно купени се 60 импланти за пенис кои чинат меѓу 10.600 и 12.800 долари парче, и ќе бидат распоредени во три различни воени болници.
Вкупниот трошок на набавката е над 700.000 долари.
Конгресменот сега бара федералните обвинители да започнат истрага околу имплантите.
Ваз претходно објави дека војската за своите потреби купила 35.000 вијагра пилули.
Иако за имплантите се уште не дале изјава, министерството за одбрана одговори дека вијагрите биле „терапија за пациенти со хипертензија на артериите во белите дробови“.