Вести

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Доналд Трамп со часови го испрашувал Грок - четботот со вештачка интелигенција на Илон Маск - за тоа дали Венецуелците би славеле доколку им го уапси лидерот Николас Мадуро. Неколку недели подоцна, ја нареди операцијата со која беше грабнат диктаторот од палатата во Каракас. Тоа го охрабри два месеци подоцна да му објави војна и на Иран.

ЕУ забранува лажни „зелени“ етикети

Зелената агенда на Европската Унија поттикна бран лажни рекламирања на производи, услуги и проекти како „еколошки прифатливи“. Брисел конечно ја забранува оваа тактика на зелено перење мозоци (greenwashing) на потрошувачите. За да залепат етикети „еко“ или „био“, компаниите ќе мора да приложат докази дека производите навистина се еколошки.

Флорида го тужи Фајзер за ковид вакцините

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19. Бара да им се плати отштета на луѓето а компанијата да го врати профитот.

Речник

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Младината од ридовите граба палестински територии

Масовниот напад врз палестинско село на окупираниот Западен Брег го сврте вниманието кон новата и понасилна генерација израелски доселеници. Подемот на политичари што ја застапуваат идеологијата за протерување на Палестинците, на чело со министерот за финансии Безалел Смотрич, им овозможи легитимитет, финансирање и заштита на младите окупатори.

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Ако веќе не можат да го спречат шверцот и консумирањето наркотици во затворите, канадските власти ќе се потрудат барем да го направат дрогирањето „поздраво“. На затворениците ќе им достават хартиени цевчиња за да можат хигиенски да шмркаат дроги и фолии за виткање цигари. Опозицијата остро го критикува проектот и бара нулта толеранција за дроги во затворите.

Задолжителните маски биле бадијала

Две години откако уздуж и попреку се испокаравме околу маските, што понекогаш заличуваше на лов на вештерки или прогон на непријателски елементи, Њујорк Тајмс деновиве констатира дека задолжителноста на носењето маска статистички немала битно влијание врз брзината на зараза. ОК. И после ќе се чудат зошто на следната белја ќе има уште повеќе скептици.

Нема воен отпад што Германија не и го прати на Украина

Наместо нови модели на тенкови и оклопни возила за украинската армија, Германија повторно реши да ја третира Украина како еден масовен отпад во кој завршува старата железарија што не би можела да се потроши ако нема војна.

Бајден на „бакни рака“ кај Бин Салман?

Бидејќи не планираше да се најде во ваква криза во каква што е, Бајден јавно се изнакажа (и со повторување) секакви работи за саудискиот престолонаследник. Сега Бајден е во толкав зорт што веројатно ќе оди во Ријад за да се види со истиот овој престолонаследник.

Како светот плаќа за војната на Путин

Секој изминат ден од почетокот на годината во Русија (во просек) се влеваат по околу 800 милиони долари, и тоа е само од нафта и гас, без другите.

Заради претерување со лаги Украина го отпушти омбудсманот за човекови права

Људмила Денисова, жената позната по тврдења од типот „во Буча Русите силуваа 11-годишно момче пред очите на својата мајка која беше врзана за стол и присилена да гледа“ е сменета од украинскиот парламент затоа што нејзините изјави се неосновани и повеќе и штетат на кредибилноста на Украина отколку што и помагаат.

Сите сме едно големо село, во база на податоци

Сте биле на свадба, сте се сликале и сте ги објавиле тие слики на Фејсбук или Инстаграм. Веќе сте во базата на податоци на една компанија која прави грдни пари од тоа, меѓу другото соработувајќи и со полиции и други безбедносни служби.

Што е Шведскагејт?

По децении успешен позитивен ПиАр и освојување на симпатиите на глобалната јавност, конечно во јавност се покажа вистинското лице на шведската култура и обичаи, и е поодвратно од што сте можеле да замислите.

Маск укина работење од дома

Што есеи и студии се напишаа дека пандемијата неповратно го промени работниот еко-систем, дека во иднина ќе се работи од дома, дека сè тоа ќе биде онлајн, зумови- мумови. Илон Маск деновиве прати два меила до вработените во Тесла: да се нацртаат на работа или да фаќаат педала.

25% повеќе инфаркти после вакцинацијата

Добра вест е што нова студија од израелски научници објавена во Scientific reports не нашла врска меѓу самата ковид инфекција и зголемен број на кардиоваскуларни компликации. Но има и лоша вест, а таа е поврзана со вакцините и срцевите проблеми кај луѓе помлади од 40 години.

ЕУ треба да заборави на санкции

Уште еден помирувачки глас од Западот, овој пат во облик на колумна од британскиот новинар и колумнист на Гардијан, Сајмон Џенкинс, порачува дека „Далеку од тоа да ја присилат Русија да излезе од Украина, санкциите предизвикуваат големо страдање низ целиот свет како што цените на храната и  струјата нагло растат.“

Таткото специјалец што упадна во масакрот во Увалде

Во првичните вести од масакрот беше објавено дека припадник на Граничната полиција упаднал во училиштето во Увалде го елиминирал убиецот и ги спасил сопругата и ќерката кои биле таму. Излезе дека само половина од ова сторија е точна, што не ја прави ништо помалку јуначка.

Русија треба да се распадне

За да се избегне дополнително крвопролевање, Кремљ мора да остане без сите парчиња од старата империја кои се уште ги поседува.

ДакДакГо му се „шитна“ на Микрософт

Откако целата зделка е направена ќутенката, деновиве експерти за ИТ безбедност открија дека ДакДакГо повеќе не ви ја гарантира приватноста на интернет откако почнал да дозволува некои од скриптите за следење на Микрософт да ја минуваат вградената блокада.

Скорпионс го смениле текстот на „Wind of Change“ заради Русија

После оваа вест, уште поќеиф ни е што отсекогаш сме ги сметале за буљаши и фејкери, без разлика на русија-мусија. Кленовите го смениле текстот на единствената песна која луѓе им ја знаат затоа што не сакале „да ја романтизираат Русија“.

Рециклирањето пластика не функционира и никогаш нема да функционира

Ако индустријата за пластика го следи учебникот од тутунската индустрија, таа никогаш нема да ја признае дефектноста на рециклирањето.

Што ќе биде крај?

Веќе три месеци цел Запад инсистира дека војната во Украина може да заврши само со победа за Украина, тоа што не им е толку строго дефинирано е што точно е „победа“.

Јапонија ги потсети Украинките дека не добиле виза за проституција

Украинките кои некако завршиле во Јапонија како бегалки од војната треба да се воздржат од работење како хостеси и слични професии во естаблишменти за возрасни, бидејќи таквата дејност не им е дозволена со визата што ја имаат.

Баталјонот Азов стана медиумски поподнослив

По поразот што го претрпе во Азовстал баталјонот Азов реши своето закрепнување да го започне со добар ПиАр па се фати со ребрендирање и смени лого.

АстраЗенека, згрутчување крв и невролошки проблеми, за исти пари

Начинот на кој вакцината против ковид-19 на АстраЗенека се шири низ системот може да е одговорен за предизвикување на сериозно невролошко нарушување на организмот, и ова веројатно важи за сите вакцините што го користат истиот систем за испорака.

Два месеца германско „ќе биде“ за Украина

Речиси два месеца Германија нема испратено никакво позначително оружје во Украина, а во исто време Полска обвинува и дека им ги немаат испорачано и Леопард тенковите кои требаа да ги заменат тенковите што тие и ги пуштија на Украина.

Амбер Херд и кризата на феминизмот

Модната Библија Вог порача дека тој што не ѝ верува на Амбер Херд има кородирана емпатија. На девојка која мораше да напушти школо откако ја предизвика транс-родовата идеологија, пак, не ѝ се веруваше до толку. Зошто на еден тип жени рабудените им веруваат по автоматизам додека други се игнорираат? 

Саудиска Арабија ги штека парите од нафтата за догодина

Милијардите долари екстра профит од нафтата до крајот на годината ќе останат на сметката на владата на Саудиска Арабија, а дури потоа ќе се одлучува како да се поделат. До сега, неочекуваните приходи обично одма ги снемуваше од сметка.

Сè помал дел од жетвите оди за хранење

Само еден процент од пченката која се одгледува во САД е иод оној тип што луѓето ја јадат. До 2030 година, до кога светот си даде задача да го искорени гладот, на планетава ќе се создаваат доволно калории потребни за тоа. Само што нема да одат кај гладните.

Кисинџер ставен на списокот непријатели на Украина

Хенри Кисинџер пред некое време порача дека за крај на војната Украина ќе мора да прифати отстапување територија на Русија. Заради ова доби обвиненија за: учество во информативната спец-операција на Русија против Украина, ширење на наративот на руско-фашистичката пропаганда и уценување и соучесник во руските злосторства против Украина и нејзините граѓани.