25% повеќе инфаркти после вакцинацијата

Добра вест е што нова студија од израелски научници објавена во Scientific reports не нашла врска меѓу самата ковид инфекција и зголемен број на кардиоваскуларни компликации. Но има и лоша вест, а таа е поврзана со вакцините и срцевите проблеми кај луѓе помлади од 40 години.

Студијата се темели на податоци на итните служби и открива дека по започнувањето на масовната вакцинација,  дури за една четвртина биле зголемени повиците поврзани со кардиоваскуларни компликации. И кај мажите и кај жените. Израелските истражувачи не пронашле слично зголемување поради самата инфекција со ковид.

Израелските здравствени власти и Американскиот центар за контрола на болестите ја признаа врската помеѓу вакцините против ковид и специфичните кардиоваскуларни компликации. Ризикот од миокардитис по примањето на втората доза на вакцина сега се проценува дека е помеѓу 1 во 3.000 до 1 во 6.000 кај мажи на возраст од 16 до 24 години.

Некои неодамнешни написи во научни списанија сугерираа дека кардиоваскуларните компликации после ковид инфекција се почести отколку оние по вакцинацијата, но наодите на оваа студија го демантираат тој оптимизам а сознанијата се прилично доверливи бидејќи студијата имала можност да утврди базична линија (број на повици за срцеви проблеми пред пандемијата), со состојбата во епидемијата без вакцини и со состојбата по масовното вакцинирање.

Вознемирувачкиот заклучок гласи дека зголеменото ниво на вакцинација повлекува и зголемен број срцеви удари и зголемен број на случаи на акутен коронарен синдром.

Иако опасностите од миокардитис кај млади мажи привлекуваше широко внимание, оваа студија открива поголемо зголемување на срцевите проблеми кај жените, поврзано со вакцинацијата.

Познато е дека миокардитисот е „главна причина за ненадејни, неочекувани смртни случаи кај возрасни помлади од 40 години и се проценува дека е одговорен за 12-20% од овие смртни случаи“, забележуваат авторите на студијата. Додаваат дека нивните наоди биле пресликани од истражувачи во Германија и Шкотска.

 

 

1 јуни 2022 - 13:59