Нема воен отпад што Германија не и го прати на Украина

Наместо нови модели на тенкови и оклопни возила за украинската армија, Германија повторно реши да ја третира Украина како еден масовен отпад во кој завршува старата железарија што не би можела да се потроши ако нема војна.

Германски тенкови чекаат на отпад

По успехот на цесијата што ја направи со Чешка и Украина (Чешка и ги дава своите стари тенкови на Украина, Германија и дава нови тенкови на Чешка, а Украина некое време не и кенка на Германија за оружје), сега Германија ќе прави сличен круг и со Грција и Украина.

Наместо нови Мардери, Германија ќе помогне во испораката до фронтот во Украина на советски  тенкови на грчката армија стари по 30 години, а за возврат на Грците, во моментов со никого не завојувани, ќе им испорача ист број на нови оклопни возила.

„Со други зборови Грција ќе ги добие истите оклопни возила кои Украина ги бара со недели,“ пишува Ди Велт.

Наводно сите овие шеми Германија ги прави од страв дека испораката на нови Мардери или Леопарди што Украина ги бара, директно би го вмешало НАТО во војната меѓу Украина и Русија.

Дополнителен аргумент на Германците е и дека со ваквата трампа Украинците добиваат само повеќе примероци од истите тенкови кои со години ги работат и ги познаваат, наместо да треба од ново да се обучуваат како функционираат новите германски тенкови.

Во договорот што го имаше со Прага, Германија и испрати на Чешка 14 Леопард тенкови, а за возврат Чешка ги испрати своите советски тенкови во Украина. Германија имаше сличен договор и со Варшава, меѓутоа Полска се уште ги нема добиено германските тенкови што и беа ветени.