Џејкоб Албарадо е дел од специјалната единица на Граничната полиција кој се погодува да е слободен дента и бил на бербер во близина на училиште Роб. Додека е таму, од сопругата, инаку наставничка во училиштето, добива порака „Имаме активен стрелец... помош... те сакам.“
Албарадо во моментот станува, ја зема пушката (сачмарка) од неговиот бербер и со трчање тргнува накај училиштето.
Кога стигнува таму тој успева да ја добие сопругата на телефон и дознава дека таа избегала, меѓутоа и дека ќерка му се уште е во школото најверојатно заклучена во некое купатило.
Додека ова се случува полицијата се уште се организира пред училиштето и се подготвува да влезе, токму во крилото каде што се наоѓа ќерка му, Џајда Албарадо.
Бидејќи лично се знае со повеќемина од полицајците што се таму, на Џејкоб му е дозволено вооружен да влезе во училиштето и со сачмарката почнува да празни една по една училница од страната на која се наоѓа ќерка му.
Тој завршува пред училницата во која е забарикадиран убиецот, а бидејќи е во цивилка решава да не упаѓа внатре, плус во меѓувреме доаѓаат и првите специјалци со полна опрема.
Дури по ова успева да ја најде ќерка му, неповредена, по што продолжува да им помага на полицајците во празнењето на училниците, во една наоѓајќи ги расплакани и преплашени другарите на ќерка му.
Моментално главната дебата во САД се води околу реакцијата на полицијата на Увалде која речиси цел час седела пред училиштето и се плашела да влезе и да се соочи со убиецот.