За само неколку години, компанијата Clearview IA од стартап препрасна во најпосакуван софтвер за полицијата, но и за секој друг кој е заинтересиран за препознавање фаци во некоја ситуација. На пример, меѓу претплатниците биле стоковни куќи кои го поставиле системот за препознавање џепџии меѓу оние кои влегуваат.
На својот веб сајт самата компанија се фали дека има база од дваесет милијарди слики на луѓе кои ги земала од социјалните мрежи. Тоа се слики што луѓето сами ги направиле достапни на јавноста, што значи дека ништо не им е украдено, но судовите сега се занимаваат со прашањето дали некој има право да ги става во база без согласност и од тоа да прави профит.
Во Англија пресудија дека не може, ја казнија компанијата со 7,5 милиони фунти и ѝ наложија веднаш да ги избрише сите фотографии на британски државјани. Инаку, Клирвју работи во 26 земји во светот а најголем клиент се САД.
Американскиот пазар го освоија со случај од февруари 2019 година во Индијана, кога две лица се степале во парк и едното со пиштол го застрелало другото. Случаен минувач го снимил целиот настан на мобилен телефон а Клирвју се понудиле да ѝ помогнат на полицијата. Им требале само 20 минути да го идентификува пукачот.
Политиката на компанијата е на безбедносните служби да им дава бесплатно да ја тестираат услугата. Кој и да пробал би воодушевен па ќе запнувал кај шефовите да се претплатат. На тој начин Клирвју не мораа да се рекламираат и успеаја да минат под радарот на јавноста.
Во служба на глобалниот ПР, Клирвју неодамна им ја дал услугата на украинските власти, да препознаваат руски војници (живи и загинати) со помош на фотографии собрани од руската социјална мрежа ВКонтакте.
„Како и во случајот со Кебриџ аналитика, и овде духот е пуштен од шишето; самото сознание дека таков систем е можен и ефикасен значи дека е пореално во иднина да биде уште пожесток отколку подобро контролиран. Засега најопасно е што не е непогрешлив, а полицијата му верува како да е“, пишува Зоран Стојановиќ во Време.