Проблемот што го создава АстраЗенека се нарекува Гилијан-Баре синдром (ГБС), невролошко нарушување во кое имунолошкиот систем ги напаѓа сопствените ткива на периферниот нервен систем.
Во пракса тоа значи умртвеност на мускулите и болка, попречување на движења, одење, голтање а во одредени случи дури и дишење.
Научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон откриваат раст на бројот на случаи на ГБС во првите две до четири недели по примањето АстраЗенека вакцина. Ова не било забележано кај Фајзер и Модерна.
Сомнежот на научниците е дека проблемот потекнува од тоа што АстраЗенека за испорака користи ослабен аденовирус од шимпанзо, па одбранбената реакција на телото на ослабениот аденовирус е одговорна за скокот на случаи на ГБС.
Вакцини базирани на аденовирус се користат против голем број патогени, туберкулоза, ХИВ и Маларија. Се верува дека истиот проблем важи и за нив.
Бројките за кои се зборува се вкупно 1.500 случаи на ГБС годишно, и не сите се од АстраЗенека. Од јануари до јули 2021, имало меѓу 98 и 140 случаи на ГБС повеќе од вообичаеното.
Слично зголемување на ризикот од ГБС било идентификувано и кај Џонсон и Џонсон вакцината, која користи човечки аденовирус.
Од АстраЗенека порачуваат дека бројот на пријавени случаи на ГБС е премногу редок и дека вакцинација од кој било тип го зголемува ризикот од ГБС, дополнувајќи дека бенефитите од вакцината и понатаму ги „натежнуваат потенцијалните ризици“.