„Има такви случаи во кои бегалки од Украина се пријавени дека работат во одредени видови естаблишменти во кои не им е дозволено,“ изјавил јапонскиот министер за правда, Јошихиса Фурукава.
До минатата недела во Јапонија се пристигнати 1.055 украински бегалци, а според правилата ним им е дозволено да го променат статусот на својата виза и да останат и работат во Јапонија во период од една година.
Ваквиот статус не опфаќа работа во хостес клубови (еден степен поприбрано од стриптиз барови), барови или објекти за забава за возрасни кои се опфатени со законот за забава за возрасни.
Министерството за правда веќе им има испратено пишани предупредувања на бегалците дека ваквиот ангажман претставува прекршување на правилата.
Министерот изјавил и дека постои опасност некои од бегалците да станат жртви на трговија со луѓе.