Таг: украински бегалци

Украинците или да се фатат за работа или да го фатат патот дома

Социјалната помош што украинските бегалци ја добиваат во Германија е итна мерка која треба да ја помогне нивната ситуација, меѓутоа по две години војна, таа како да ја спречува нивната желба да најдат работа, порачува член на Бундестагот.

Швајцарија ќе плати за украинските бегалци да почнат да се пакуваат

Предложената стратегија на швајцарската влада предвидува временска рамка во која украинските бегалци треба да си заминат од земјата, и како што стојат работите тоа е максимум девет месеца од сега.

И Африканците сакаат кај Украинците, во Париз

Стотици африкански мигранти кои којзнае колку време дремат во мигрантските кампови во Франција деновиве извршија упад во бегалскиот камп во кој се сместени украинските бегалци во знак на протест за привилегираниот третман на Украинците, кои за волја на вистината не беа толку волни како нив да ги напуштат своите домови.

Британија ќе депортира и украински бегалци во Руанда

Од првичното дека депортации „едноставно нема да се случат“ сега британскиот премиер изјави дека украинските бегалци кои нелегално ќе влезат во Британија би можеле да бидат испратени во Руанда.

Бугарска трампа

Затоа што нели солидарни, Бугарија прими илјадници бегалци од Украина кои ги смести по хотелите на Црното море. Затоа што нели летна сезона и туристички евра / долари / фунти, Бугарија интервентно ги размести истите бегалци и ги префрли во чичка нови контејнери, обезбедени со огради, бодликави жици, стражари, заеднички купатила и слични високи стандарди на гостопримство.

Јапонија ги потсети Украинките дека не добиле виза за проституција

Украинките кои некако завршиле во Јапонија како бегалки од војната треба да се воздржат од работење како хостеси и слични професии во естаблишменти за возрасни, бидејќи таквата дејност не им е дозволена со визата што ја имаат.

Бу-га-ри

За разлика од сите странци во Бугарија на кои вообичаено на времето им ги крадеа колите, на украинските бегалци кои успеале да спасат жива глава и да стигнат во Бугарија со кола Бугарите почнаа да им ги крадат регистрациите.