Во интервју за Билд, првиот човек на СЦУ Баварија и парламентарната група на СЦУ, Александер Добринт, инсистира дека е неопходно украинските беглаци во земјата да се интегрираат во работната сила на Германија, за да се олесни товарот што тие го претставуваат за системот на социјална заштита на земјата.
По негови зборови социјалната помош што Украинците сега ја примаат, не ги стимулира да почнат да бараат или прифатат работа, и наместо тоа остануваат на парите од државата.
Негова препорака е дека оние кои не сакаат да работат треба да размислат да се вратат во Украина, каде ќе најдат начини да помогнат во обновата на нивната држава.
Пред некое време, една од помалите германски владејачки коалициски партии, Слободната демократска партија, порача дека парите на даночните обврзници повеќе не треба да се користат за финансирање на невработеноста, туку за да им се помогне на овие луѓе да најдат работа.