Протечени документи објавени од Велт покажува дека Германија ништо сериозно нема пуштено во Украина и дека веќе работи на намалување на својата поддршка на земјата.
Од последната недела на март, Германија има направено само две испораки до Украина и двете составени од лесно вооружување. Телеграф пишува дека за разлика од другите западни сојузници кои испорачуваат огромни количества противтенковски и противвоздушни оружја, Германија има испорачано само 4.600 противтенковски мини. Плус на ова се резервни делови, фитиљ, радиостаници, рачни бомби и експлозивни полнења.
По недели пишманење Германија на крајот од април одобри испорака на тешко вооружување, вклучително тенкови, на Украина, меѓутоа ништо од тоа не е стигнато до завојуваната држава. Тогаш Германија вети 30 противвоздушни тенкови Гепард. Во средината на мај канцеларот Шолц изјави дека тенковите не се испратени бидејќи уште се подготвуваат.
Според украински извори, вистинскиот застој е што уште не е почната обуката на украински екипажи на тенковите. Ова го потврдува и Велт, кој пишува дека обуката на првите 45 украински војници ќе започне на 13 јуни и ќе трае до крајот на јули, па затоа и првата половина од тенковите ќе биде испратена на крајот од јули.
Ваквите бројки се чиста спротивност од ставовите на германскиот канцелар, кој постојано повторува дека Путин нема да победи и дека Путин ќе почне преговори само ако сфати дека не може да ја порази Украина.
Полскиот претседател во неделата ја потсети Германија дека им ветила тенкови во замена за оние што Полска ги испратила во Украина.