Азов се одлучи за дизајнерска денацификација, па досега користеното нео-нацистичко лого, волфсангел, беше заменето со златниот тризабец, украинскиот национален симбол што го носат и другите единици.
Токму симболите на Азов и неговите почетоци беа еден од аргументите што Русија ги користеше за оправдување на операцијата за денацификација на Украина.
Баталјонот Азов кој моментално е дел до националната гарда на Украина, беше основан како паравоена организација, чии членови главно имаа анти-муслимански и анти-еврејски гледишта.
Ваквата наклоност на азовци Русите ја користат против нив, па за време на целата војна на сите проверки што ги прават руските сили на цивилното население се бараат тетоважи од нацистички симболи и се апсат нео-нацисти.