Уште од февруари па во текот на следните месеци од судирите во Украина ултрасите, а потоа членови на Азов играат важна улога во борбите во Донбас. Тие со помош на украински падобранци ја освојуваат Маринка, а стигнуваат и до предградијата на Доњецк каде водат борби со борците на ДНР.
Во септември 2014, Азов е вклучен и во битката за Мариупол.
Истиот овој месец Азов баталјонот се проширува од баталјон во пешадиски полк кој станува дел на Националната гарда на Украина. Тогаш се случуваат две важни промени, од Азов излегуваат крајно-десничарските политички лидери кои ја формираат политичката партија Национален корпус (со која и понатаму соработуваат) и баталјонот почнува да добива значителни количества тешко вооружување и финансирање од министерството за внатрешни работи.
Како што малку се расчистува маглата во Украина, така се повеќе станува воочлива нео-нацистичката заднина на Баталјонот, што е причина во американскиот Конгрес да биде побарано да се укине обука и залихи што му се испраќаат.
Во август 2015 украинската влада го повлекува Азов од фронтот околу Мариупол, и го заменува со регуларни единици. Баталјонот е распореден во базата во Урзуф на околу 40 километри од Мариупол, инаку поранешна вила на Виктор Јуникович.
Во 2019, американскиот Конгрес го прогласува Азов баталјонот, заедно со уште неколку крајно-десничарски групи, за Странска терористичка организација.
Почетниот состав од украински ултраси со текот на годините се меша па во негов влегуваат доброволци (сите белци и христијани) од повеќе држави низ светот, вклучително и 50-на Руси кои се борат против своите во Донбас.
Злосторствата што припадниците на Азов баталјонот ги прават во борбите во Донбас се една од причините што Русија ја наведува за почетокот на воената инвазија на Украина и „денацификацијата“ на земјата.
На контото на Азов баталјонот само од Обединетите нации има обвиненија за воени злосторства од типот пљачкосување, притворање, тортура и силување.
Идеологијата што ги обединува се сведува на тројството: нео-нацизам, супремитет на белците и анти-семитизам. Складно на ова и добар дел од официјалните обележја на Азов се пресликани од нацистичка Германија, со исклучок на свастиката која членовите неофицијално ја користат.
Самиот портпарол на организацијата има изјавено дека „само 10 до 20 проценти“ од нивните регрути се нео-нацисти.
Меѓу описите за Азов баталјонот од западните медиуми е:
- Пост-Мајдан Украина е единствената држава што има нео-нацистички формација во своите вооружени сили.
- Опасно нео-нацистички наклонето екстремистичко движење со глобални амбиции.
Андриј Билетскиј, еден од основачите на Азов и лидер на нео-нацистичкото Социјал-национално собрани, има изјави околу својата „историска мисија“ за водење на „белите раси на светот во конечна крстоносна војна за нивно преживување... крстоносна војна против потчовекот предводен од Семитите.“
Во репортажата што Тајм ја прави од Азов баталјонот, запрашан за нео-нацизмот, еден американски ветеран а сега член на Азов објаснува:
„Дали е ова нео-нацистичка организација? Не.
Дали во нејзе имало нео-нацисти? Погледнете ја американската армија и таму ќе најдеш нео-нацисти.“