Асошиејтед прес објавува дека патувањето во Саудиска Арабија би било дел од Заливска турнеја во која Бајден ќе посети и други држави (Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Емирати, Египет, Ирак, Јордан).
Турнејата се случува во време кога „доминантните американски стратешки интереси во нафта и безбедност ја натераа администрацијата да ја размисли својата позиција за дистанцирање од Саудијците што Бајден ја вети како претседателски кандидат“.
За сега од Белата куќа само ја пуштаат идејата во јавност, а не е сигурно ни дали Бајден ќе го посети саудиското кралство, ни дали и да дојде таму Бин Салман би се сретнал со него. Веројатно барањето на Бајден ќе биде Саудиска Арабија да го зголеми своето производство за колку толку да ја олесни кризата за нафта, а за возврат да понуди уште повеќе оружје.
За време на претседателската кампања во 2019, Бајден вети дека планира саудиското кралско семејство да го направи „одметник“ заради убиството на Кашоги, и дека Бин Салман „ќе ја плати цената за убиството“.
Подоцна, само што дојде на власт, Бајден веднаш го објави извештајот на американските разузнавачки агенции според кои убиството на Кашоги е нарачано лично од Бин Салман.
Саудијците не се задоволни и од кратењето на поддршката што САД им ја дава во оружје за војната во Јемен.
Минатиот октомври за малку ќе имаше средба меѓу Бајден и Бин Салман на самит во Рим, меѓутоа саудискиот принц не пристигна на самитот.