Таг: Мухамед бин Салман

МБС почнал да ја строи Америка

Откако Бајден минатата година вети дека ќе наметне „последици“ врз Саудиска Арабија за тоа што го намалила производството на нафта, саудискиот престолонаследник се заканил со прекинување на врските и економска одмазда.

Саудискиот крал го пречека кинескиот „крал“

Како дочекот на Бајден сам по себе да не беше доволно недостоинствен, Саудијците извонредно многу се потрудија дочекот на кинескиот претседател да го направат што е можно поспектакуларен, за пораката да биде уште појасна.

Бајден му служи за мајтап на Мухамед бин Салман

Непишан пакт ги држеше заедно САД и Саудиска Арабија низ 15 претседатели, седум кралеви, две Заливски војни и 11 септември. И тогаш Мухамед бин Салман реши да покаже сила и уби новинар, а Бајден имаше претседателски избори па го осуди ова.

Американската легија на странци

Бројни американски генерали, адмирали и високи функционери по пензионирањето завршиле на платен список на најразлични влади низ светот од Саудијци до Јапонци, продолжувајќи да ја работат својата професија, со дозвола од државата, за далеку повеќе пари.

Со такви идеи какви што сте, ем нафта ќе нема, ем инфлација ќе има

Неофицијалниот владетел на најголемиот светски извозник на нафта, Саудиска Арабија, сака цел свет да знае дека занесувањето со зелени агенди само ќе ја зголеми цената на нафтата и стапката на инфлација.

Бајден на „бакни рака“ кај Бин Салман?

Бидејќи не планираше да се најде во ваква криза во каква што е, Бајден јавно се изнакажа (и со повторување) секакви работи за саудискиот престолонаследник. Сега Бајден е во толкав зорт што веројатно ќе оди во Ријад за да се види со истиот овој престолонаследник.

Арапите не му креваат телефон на Бајден

Белата куќа неуспешно пробала да ги добие на телефон лидерите на Саудиска Арабија и Емиратите, за да поразговараат со Бајден околу проблемот со цените на нафтата.

Зетот на Трамп чека инвестиција од 2 милијарди долари од Саудиска Арабија

Поранешниот советник на Белата куќа, еден од главните преговарачи за мир на Блискиот исток и првиот зет во куќата на Трампови, Џаред Кушнер, е на пат да обезбеди масовно финансирање од Саудиска Арабија.

Џеф Безос бил хакнат од саудискиот престолонаследник, преку клипче

Мобилниот на сопственикот на Амазон бил хакнат во 2018 преку порака на Вотсап што му стигнала од Мохамед бин Салман, објавува Гардијан.

Тимот што го уби Кашоги побарал бонус за својата работа

Наведувајќи го обемот успешно измачувани и киднапирани луѓе, СРИГ (Saudi Rapid Intervention Group) наводно побарале бонус од принцот престолонаследник Мухамед Бин Салман, пренесува Њујорк тајмс од нивни извори од американските разузнавачи.

На Саудиска Арабија и дојде до Сонцето

Во своето планирање за периодот откако ќе ја потрошат целата нафта Саудијците го најавија најголемиот проект за производство на соларна енергија во светот, со капацитет од околу 200 пати повеќе од најголемата соларна електрана што денес е во погон.

Саудискиот принц на темнината

Во рок од неколку седмици, саудискиот принц наследник (позиција на која дојде по многу драма) го присили либанскиот премиер да поднесе оставка, директно му се закани на Иран и изврши масовно апсење на членови на сопственото кралско семејство.

Како саудискиот наследник му направи пуч на својот претходник

Како наследник на саудискиот престол, речиси и да не постои човек кој може да му нареди или каже што било на принцот Мухамед бин Најеф. Така е се до една вечер во јуни годинава, кога тој е итно свикан во палатата во Мека, и таму со часови држен против своја волја се додека не се откаже од правото на престолот. Следното утро во Саудиска Арабија изгрева со веста дека земјата има нов принц-наследник, 31-годишниот син на кралот, Мухамед бин Салман.

Зошто Саудијците го сменија наследникот?

Минатонеделната вест од Блискиот Исток е дека саудискиот крал го отпушти својот внук (од брат) Мухамед бин Најеф од сите позиции во кралството, вклучително и наследник саудискиот трон, и на негово место го постави својот син, 31-годишниот Мухамед бин Салман.