И откако стана претседател Бајден продолжи со агендата па објави извештај на американските разузнавачки служби дека МБС е зад убиството на Кашоги, плус одлучи да ја скрати воената помош за Ријад која Саудиска Арабија тврди дека им е неопходна за војната во Јемен.
Плус Бајден речиси цела година одбива да зборува со Мухамед бин Салман и продолжува со обвинувањата за убиството на Кашоги и начинот на кој тој владее со земјата.
Сето ова драстично многу се менува со почетокот на војната во Украина, кога МБС нагло станува неопходен партнер на САД, меѓутоа се покажа дека престолонаследникот му држи лутина на Бајден, па прво одби да крене на телефон на повиците од Белата куќа, за потоа да одбие да угоди на кое било барање на САД околу зголемување на производството на нафта, а подоцна и дополнително го намали производството.
Моментално статусот меѓу децениските сојузници е сведен на ниво МБС го руга Бајден пред други луѓе:
„Саудискиот престолонаследник, Мухамед бин Салман, 37-годишниот владетел на кралството, приватно го исмева претседателот Бајден, потсмевајќи се на гафовите на 79-годишниот претседател и ставајќи под знак прашање неговата ментална острина, тврдат луѓе од саудиската влада.
Тој на своите советници им кажал дека не е импресиониран од Бајден уште од времето кога е потпретседател, и далеку повеќе го преферира поранешниот претседател, Доналд Трамп,“ пишува Вол стрит журнал.