Во јавност целата ситуација се разрешила дипломатски, но приватно заканата од Мухамед бин Салман била дека „фундаментално ќе ги измени децении старите американско-саудиски односи и ќе наметне значителна економска цена за САД ако реагираат на намалувањето на производството на нафта“.
Во изјавите содржани во Дискорд документите се тврди дека МБС изјавил дека „веќе нема да работи со американската администрација.“
Осум месеци подоцна уште се чека Бајден да ги наметне последиците што ги зборуваше, а МБС и понатаму е во контакт со американските функционери, последно со министерот за надворешни работи Ентони Блинкен.
Тоа што не е јасно од документите е дали изјавите на МБС биле пренесени на американските власти, или само биле собрани преку прислушување.
Од доаѓањето на Бајден на власт и излетите што ги имаше за време на кампањата дека ќе ја изолира Саудиска Арабија и ќе ги казни одговорните за убиството на Кашоги, односите меѓу двете држави се на најлошо ниво откако почнаа да соработуваат пред повеќе од 50 години.
Една од поновите теми на судир меѓу двете држави е желбата на Саудиска Арабија да почне да произведува нуклеарна енергија. Стравот на САД е дека по нуклеарната енергија кралството ќе се сврти на нуклеарна бомба.
Саудискиот министер за надворешни работи порача дека иако Ријад би сакал поддршка од САД во изградба на цивилна нуклеарна програма „има и други заинтересирани да помогнат“. А други = Кина.