Мухамед бин Салман објави дека Саудиска Арабија го зголемува производството на нафта вон разумните граници, и до 2027 тоа треба да изнесува 13 милиони барели на ден, 1 милион над декларираниот максимум од 12 милиони.
По ова, според МБС „кралството повеќе нема да има простор за зголемување на капацитетот“.
Неговата опомена за Западот е дека е длабоко зацапан во нереални зелени политики.
„Носењето на нереалистични политики за намалување на издувните гасови со исклучување на главните извори на енергија во следните години ќе доведе до инфлација без преседан и раст на цената на енергијата, и растечка невработеност и влошување на сериозни социјални и безбедносни проблеми,“ порачал саудискиот престолонаследник.
За него комбинацијата од ковид-19 и „геополитичката ситуација“ изискува многу повеќе заеднички напори за поддршка на економијата и дека транзицијата кон одржлива енергија бара „реалистичен и одговорен“ пристап.
Пораките од МБС се од самитот во Џеда, на кој учествуваа 9 арапски нации, плус САД.